На завчерашната традиционална 18. манифестација, „Избор на најдобри жени- менаџери“, агенцијата „Марили“ ги прогласи 11-те најуспешни жени-менаџери од кои 10 се од бизнисот, а една од општествениот сектор. На манифестацијата што се одржа во Музејот на ВМРО и жртвите од комунизмот, се обрати министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска, која ја истакна поддршката за жените-менаџери и им посака бројни успеси во нивната понатамошна кариера. Беа претставени и 41 жена кои со заеднички средства и заедно со Лидија Трипуновска, генерален менаџер на агенцијата „Марили“, овозможија Клиниката за радиотерапија и онкологија да добие нов апарат за биопсија и рана детекција на карцином. Во рамките на манифестацијата, „Марили“ го промовира и новото издание на бизнис-каталогот со содржини од бизнис-инвестициите и претприемаштвото во различни дејности и области.
На завчерашната традиционална 18. манифестација, „Избор на најдобри жени- менаџери“, агенцијата „Марили“ ги прогласи 11-те најуспешни жени-менаџери од кои 10 се од бизнисот, а една од општествениот сектор.
На манифестацијата што се одржа во Музејот на ВМРО и жртвите од комунизмот, се обрати министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска, која ја истакна поддршката за жените-менаџери и им посака бројни успеси во нивната понатамошна кариера. Беа претставени и 41 жена кои со заеднички средства и заедно со Лидија Трипуновска, генерален менаџер на агенцијата „Марили“, овозможија Клиниката за радиотерапија и онкологија да добие нов апарат за биопсија и рана детекција на карцином.
Во рамките на манифестацијата, „Марили“ го промовира и новото издание на бизнис-каталогот со содржини од бизнис-инвестициите и претприемаштвото во различни дејности и области.
Анета Антова-Пешева, директорка на „УНЕТ УЛТРА“ од Скопје, во доцните 80-ти години стана предвесник на бизнис-лидерството во Македонија. Сигурна во себе и во својата визија, моќно влезе во светот дотогаш резервиран за мажите. Поразлична е од сите, силна е и подготвена, решителна и одлучна. Привилегија за неа е што работи со млади луѓе и е среќна сопруга и мајка на Теа и Петар.
Маријана Ангелоска е заменик, генерален менаџер во „Ариљеметал“ ДОО Скопје. Таа е дипломиран машински инженер и речиси 22 години е во семејниот бизнис. Во Германија се стекнува со титулата интернационален аудитор, а е докторанд на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Верува во мотото „се' што се сака мора да се оствари“.
Марина Бадаровска-Мишевска, хотел-менаџер, „Казино фламинго“, Гевгелија. Според неа, човечкиот капитал е силата што ги движи компаниите, таа е оптимист, цврсто верува во зацртаните планови и трпеливо ги чека резултатите. Магистер е по туризам и менаџмент и е динамична личност, одговорна и подготвена за нови предизвици.
Маја Димовска, генерален директор на „Чоколографија Македонија“, е дипломиран агроном, а во семејниот бизнис ја презема одговорноста брендот „Чоколографија“ да го води како прв на македонскиот пазар и на Балканот. Сопруга, мајка на две ќерки со кои учи и спортува, ужива во добра книга и зимски спортови.
Тања Дејаноска е генерален менаџер на ПЗУ „Дентал интернационал Дејаноски“ од Скопје. Таа е стоматолог, но истовремено и менаџер, лице за контакт и ПР. Својата стручност ја усовршува во Австрија, Италија, Холандија, Дубаи.
Евгенија Зафировска е директор на друштвото за услуги „БЕСТЕЛ“ од Скопје и е 25 години на менаџерска позиција, прво во Македонски телеком, а сега и на чело на компанијата, пионер на полето на аутсорсирање, која е еден од најуспешните примери од ваков вид во земјава.
Фросина Мешкова, генерален менаџер на ПИ „Свислион“ од Скопје, ги менаџира приходите од продажба, следење на резервите, анализа на трошоците и раководење со човечките ресурси, како и на сите инвестициски проекти и развој на нови производи. Темелна, упорна, позитивна, се раководи од мотото: „за успех се потребни иновација и тимска работа“.
Даниела Пиперкоска е на позицијата директор во „Луцерн ВИП“, Скопје, повеќе од 15 години, а 5 години е менаџер во фирма за промоција на подобро здравје и органска храна. Таа е дипломиран правник, со нотарски испит и има лиценца за медијатор во делот на индустриската сопственост. Со желба за создавање, верува дека секој е способен да биде најдобар.
Магдалена Симоновска, директорка во ДТПУ „Шевро“ Куманово, го наследи занаетот на својот татко, а нејзината уметничка природа создаде македонски бренд. За себе вели: „можат да ви земат се', ама знаењето не“. Таа е магистер по историја на уметност, креативна и инвентивна, а нејзините чевли се вистински уметнички дела.
Славица Тодоровска е менаџер во „Хемофарм“, претставништво - Скопје. Таа е магистер по фармација и е на позицијата регионален менаџер 7 години. Посветена е на врвните производи од фармацевтската компанија, прецизна е и аналитична, лесно се справува со сите предизвици и ризици. Нејзино мото е: „само здрав човек е среќен човек“.
Ирена Мишева, претседател на Советот на Град Скопје, успешно стои на оваа позиција од 2008 година. Таа е магистер по комуникации во областа на односи со јавноста, што и' овозможува да воспостави ред меѓу другите 45 членови со различна партиска припадност. Толерантна е, истрајна и темелна. Среќна сопруга и мајка, целосно посветена на своите ќерки Софија и Елена.